Првата македонска P2P платформа

p2p.mk e дел од првата “Crowdlending“ платформа Goldmen Capital во Македонија, која во последните неколку години бележи огромни успеси во полето на финансиско посредување. p2p.mk како P2P платформа овозможува инвестирање во потрошувачки кредити, обезбедени од кредитни компании (приматели на заем).

 

Сигурност и Стабилност

p2p.mk е сигурна и стабилна "peer to peer" платформа каде што може да инвестирате во потрошувачки кредити.
Кај p2p.mk како заемопримачи се јавуваат кредитни друштва кои даваат поголема безбедност кај инвеститорите. Овие друштва нудат „Buyback guarantee“ со која всушност нудат откупување на кредитите од инвеститорите доколку сопственикот на кредитот не им платил рата од 60 денови. Оваа гаранција ја прави p2p.mk доста сигурен и стабилен модел за инвестирање, следејќи ги светските трендови каде како инвеститори почнуваат да се јавуваат инвестициски фондови, банки, пензиски фондови и разни хеч фондови.

 

Инвестирај сега

p2p.mk е платформа на која што може да инвестираат и поединци и компании. За да инвестирате потребно е да се регистрирате со пополнување на краток формулар и да го проследите процесот на верификација.

Минималниот износ за инвестирање во еден заем e 3000 мкд.

Нема минимален износ за уплата.