Често Поставувани Прашања

1Кој може да инвестира?
p2p.mk е платформа на која што може да инвестираат и поединци и компании.
2Кој е минималниот износ кој што може да се инвестира?
Минималниот износ за инвестирање во еден заем e 3000 мкд. Нема минимален износ за уплата.
3Што е "p2p"?
Овој деловен модел е составен од три страни и тоа заемопримачи, платформа и инвеститори. Во последно време како заемопримачи се вклучуваат и разни кредитни институции кои ги отстапуваат своите побарување по кредити пласирани кон трети лица, а од другата страна привлечени од високите приноси кои стигнуваат и до 14% и од релативната безбедност на инвестицијата и стабилност на приносот на страната на инвеститорите се јавуваат и институционални инвеститори како инвестициски фондови, банки, пензиски фондови и разни хеч фондови кои инвестираат во тие побарувања.
4Како да инвестирам?
За да започнете со инвестирање, потребно е да се регистрирате на www.p2p.mk со вашата е-маил адреса. Процесот на регистрација може да го проследите тука.
5 Кои документи се потребни за верификација за идентитет?
Валидни документи кои се прифаќаат за верификација на идентитетот се лична карта или пасош.
6Како да депонирам средства?
За да депонирате средства, потребно е да имате извршено верификација на идентитетот. Потоа го избирате копчето ДЕПОНИРАЈ СРЕДСТВА и уплатата ја вршите со налог.
7Како може да видам кои кредити се достапни за купување?
Со избирање на копчето ДОСТАПНИ КРЕДИТИ, со кое се прикажува целосната понуда на достапни кредити за инвестирање.
8Како можам да повлечам финансиски средства од мојата сметка на p2p.mk?
Со испраќање на барање за исплата на средства преку платформата на p2p.mk.
9Колкав износ може да повлечам?
Сите средства кои што се исплатени на вашиот кориснички профил на платформата p2p.mk по основ главница и камата.
10Што е "Buyback" гаранција ?
Сите кредити кои што се понудени за инвестирање доаѓаат со гаранција за откуп “Buyback”, што значи дека кредитниот оргинатор ќе ги откупи оние кредити кои доцнат повеќе од 60 денови од нивниот првичен датум на достасување. Кредитниот оргинатор ја откупува инвестицијата за номиналната вредност на главницата и каматата што е акумулирана до датумот на откупот.
11Што е "Autoinvest"?
“AutoInvest” е алатка која овозможува автоматизација на вашите инвестиции. Инвеститорите поставуваат критериуми за инвестирање, а Auto Invest ги “прегледува“ достапните кредити и ги пренасочува инвестициите во кредити кои ги задоволуваат поставените специфични инвестициски параметри. Секогаш кога ќе се идентификува кредит кој што ги исполнува условите на претходно поставените инвестициски параметри, автоматски се врши инвестиција. На овој начин се заштедува време, но се овозможува и целосна контрола од страна на инвеститорот. AutoInvest портфолиото во секој момент може да се стопира, откаже или измени.