“Auto Invest” е алатка која овозможува автоматизација на инвестициите. Оваа опција овозможува инвеститорот да ги постави критериумите за инвестирање и секогаш кога ќе има достапен кредит кој ги исполнува претходно поставените критериуми – инвестицијата се врши автоматски.
На овој начин се заштедува време, но и се овозможува целосна контрола врз инвестициското портфолио.
Главна придобивка од користењето на ”Auto Invest” е тоа што финансиските средства автоматски ќе се инвестираат штом се појави соодветен кредит. Доколку постојано се вршат инвестиции, тоа значи дека и каматата и главницата ќе продолжат да растат, а оваа опција ќе го продолжува процесот на инвестирање во најсоодветните кредити.
Оваа алатка за автоматско инвестирање заштедува време затоа што нема потреба да се прават никакви истражувања, константно следење на достапните кредити итн.
”Auto Invest” работи 24/7 и нема потреба инвеститорот постојано да биде пред компјутер или телефон за да ги следи достапните кредити кои се пласираат на p2p.mk.
Како инвеститор може да биде тешко да се одреди во кои кредити е најдобро да се инвестира, бидејќи потребно е да се поминуваат часови во истражување на кредитните оригинатори и истражување на поединечни заеми, затоа со ”Auto Invest” можете да бидете сигурни дека инвестирате во најдобрите пласирани кредити.