Платформите за P2P позајмување сe во подем и го задржуваат најголемиот пазарен удел од глобалниот пазар за заеми, поради бројни предности како: побрзо одобрување и исплати, поекономични процеси во споредба со конвенционалните методи и нивната скапа инфраструктура и физички локации.
Платформите за P2P позајмување на светско ниво значително еволуираа и нивниот број се зголемува континуирано, поради користењето на технологии за брза проценка на ризик и ефикасно одлучување од страна на учесниците.
Со зголемувањето на употребата на смартфоните и со драстичното зголемување на интернет корисниците, процесот на онлајн кредитирање забележа значителен развој во последните години и тоа на глобално ниво.
Пазарот за P2P позајмување во 2025 година се предвидува да достигне и до 370 милијарди американски долари, откако порасна со сложена годишна стапка на раст (CAGR) од 5,6% во предвидениот период од 2019 до 2022, а се очекува да продолжи со исто темпо и до 2025 година.
Овој раст на годишната стапка се должи на зголемената транспрентност на пазарот на P2P позајмувањето со Blockchain – технологија и паметни договори помеѓу учесниците кои се инкорпорирани во P2P платформите.
Иако Кина е сеуште главен најголем пазар за P2P позајмување, пазарите во САД и Обединетото Кралство се подготвени да растат со CAGR од 19% и 23%, соодветно во периодот до 2025 година. Пониските каматни стапки, поедноставените онлајн платформи и побрзите процеси за одобрување заеми се причините кои што водат до зголемен развој на пазарот за P2P позајмување во овие земји.