Како Работи P2P.мк

Првата македонска p2p платформа во финтек индустрија која нуди можност за инвестирање во потрошувачки кредити.
Едноставен и транспарентен начин за зголемување на вашиот месечен прилив.

РЕГИСТРАЦИЈА И ВЕРИФИКАЦИЈА

За да започнете со инвестирање, потребно е да се регистрирате на www.p2p.mk со вашата е-маил адреса.
Откако ќе ја потврдите е-маил адресата, потребно е да извршите верификација на идентитетот со поставување на валидни лични документи.

Инвестирај Сега

ДЕПОНИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Откако успешно ќе извршите верификација на идентитетот, изберете го копчето ДЕПОНИРАЈ СРЕДСТВА.
Уплатата на финансиските средства ја вршите со налог.

Регистрирај се

КУПУВАЊЕ НА КРЕДИТ

Откако финансиските средства ќе бидат префрлени на вашиот профил, го избирате копчето ДОСТАПНИ КРЕДИТИ, со кое се прикажува целосната понуда на достапни кредити за инвестирање.
Со притиснување на одреден кредит, се прикажува отплатен план на месечните приливи.
Доколку имате депонирано доволно средства за да инвестирате во одреден кредит, го избирате копчето КУПИ КРЕДИТ во горниот десен агол.

Откако ќе го изберете копчето КУПИ КРЕДИТ, се генерира договорот за отстапување на побарување и отплатниот план.
Со наредното притискање на копчето КУПИ КРЕДИТ вие се согласувате и го потпишувате договорот за отстапување.

Потоа добивате известување дека кредитот е успешно купен.

Купи Кредит