Забрзаната еволуција на p2p платформите во голема мера се должи на сигурноста и безбедноста на ваквиот тип на инвестиции. Со развивањето на ваквите платформи, се појави потребата од преземање на чекори за заштита на средствата на инвеститорите кои вложуваат во овие платформи, па како резултат на тоа беше воведена опцијата за „Buyback guarantee”
P2P.mk има мисија да обезбеди сигурни и безбедни инвестиции. На нашата платформа се објавуваат веќе пласирани кредити од страна на кредитни друштва кои се откупуваат од страна на клиентите кои сакаат да инвестираат со заработка до 14%. Кредитните друштва кои ги обезбедуваат кредитите овозможуваат „Buyback guarantee“ со која се гарантира дека финансиските средства на инвеститорот се обезбедени во случај на неисполнување на обврските.
Едноставно оваа гаранција овозможува откупување на кредитите од инвеститорите доколку сопственикот на кредитот не им платил рата подолго од 60 денови.
Кредитниот оргинатор, oдносно кредитното друштво ја откупува инвестицијата за номиналната вредност на главницата и каматата што е акумулирана до датумот на откупот.
“Buyback guarantee” e гарантен механизам за дополнителна заштита на инвестираните средствa, кој ја прави p2p.mk сигурен и стабилен модел за инвестирање.