Како прва македонска peer-to-peer платформа, P2P.mk нуди сигурен и транспарентен начин за инвестирање во потрошувачки кредити.
P2P.mk е дел од MINT CAPITAL, пионерската платформа за Crowdlending во Македонија. Во текот на изминатите неколку години, MINT CAPITAL постигна значителен успех во финансиското посредување, а P2P.mk го продолжува ова наследство со поврзување на инвеститорите со проверени кредитни компании.
Дипломиран економист, повеќегодишен професионален банкар, визионер во fintech и промотор на P2P секторот во Република Северна Македонија.
Поседување на повеќегодишно професионално искуство, постигнато со стабилен прогрес на работните позиции во рамките на Финансискиот и Банкарскиот сектор. Личност со големо искуство од областа на кредитната анализа, корпоративното банкарство, финансирање на трговијата, кредитирање на население и инвестициско советување.
Животна визија и мисија, имплеметација на технологијата во финансискиот сектор, P2P да биде задолжителна алатка во секојдневниот начин на живеење на секој поединец.
p2p.mk дава одлични иновативни решенија во услови на инфлација.
Со p2p.mk паметното инвестирање има своја примена.
P2P.mk е платформа за самоуверено инвестирање на поединци и бизниси.
За да инвестирате потребно е да се регистрирате со пополнување на краток формулар и да го проследите процесот на верификација.
На нашата платформа објавуваме веќе пласирани кредити од кредитните оригинатори каде што клиентите инвестираат средства со кои можат да ги откупат со заработка до 14%.
На P2P.mk, стабилноста се среќава со можностите. Нашата платформа ви овозможува безбедно да инвестирате во потрошувачки кредити поддржани од кредитни компании.
• Buyback Гаранција: Ако сопственикот на кредитот не платил рата повеќе од 60 дена, давателот на кредитот го откупува заемот, покривајќи ја и главницата и пресметаната камата.
• Доверливи оригинатори: Нашите партнерства со реномирани кредитни компании обезбедуваат побезбедни инвестиции.
• Глобални стандарди: Следејќи ги меѓународните трендови, обезбедуваме робустен инвестициски модел сличен на оние на кои им веруваат банките, пензиските фондови и хеџ фондовите.